Убава водителка од Босна со својот лапсуз ги насмеа гледачите (видео)

Во денешно време секој, па и најмалиот лапсуз, со брзина на светлината се проширува благодарение на социјалните мрежи.

Доволно е само да го забележи еден гледач, тоа да го објави некаде и набрзо сите ќе се смеат на моментот на невнимание.

Токму ваква несреќа имала водителката на спортскиот преглед во Дневникот 3 на Федералната телевизија.

„Во третиот натпревар од 10 коло на фудбалската премиер лига на Босна и Херцеговина фудбалерите на Зрињски го победија Радник со 0:0“, рекла таа и ги насмеала сите оние кои ја гледале.

Со оглед на тоа што читала од „идиот“, можно е некој погрешно да и го напишал текстот, а можно е и само да и паднала концентрацијата.

Како и да е, нејзиниот лапсуз ги забавуваше гледачите на Босна и Херцеговина, а сега и сите луѓе во регионот.