Спомен плочата која градот Берлин ја постави во чест на починатиот музичар Дејвид Боуви исчезна, a полицијата веќе започна потрага.
Како што пренесува агенцијата Хина Берлин, градот каде Боуви го создаде едно од најважните поглавја во својата кариера, на 22 август му поставил спомен плоча на куќата во која живеел.
Порцеланската плоча беше откриена на свеченоста во Шенеберг, кварт во која Боуви живеел од 1976 до 1978 година.
Три негови албуми се содадени во близина на местот каде некогаш беше Берлинскиот ѕид.
Плочата исчезна викендов, а полицијата настојува да го пронајде сторителот.