Приказната за жената од Украина која срушила руски дрон со помош на тегла со краставички стана вирална на социјалните мрежи.
Приказната се прошири на Твитер, а твитот од @TsibulskaLiubov е ретвитнат над 46.000 пати.
- Во Киев жена со тегла краставици собори руски дрон од балконот. Како мислиеа да ја преземат државата?
Украинскиот портал Liga.net успеа да дојде до жената која го соборила дронот.
Олена им го опишала целиот настан. Таа сакала да испуши цигара на нејзиниот балкон кога слушнала зуење во близина и видела „нешто“ како лебди во воздухот.
„Се плашев дека ќе почнат да пукаат во мене“, објаснила таа и раскажала како го грабнала најблискиот тежок предмет што го имала при рака, односно теглата со краставички.
Таа прецизно го погодила дронот, кој паднал и се распарчил, па со нејзиниот сопруг фрлиле делови од дронот во најблиската кофа.