Уникатна невеста: Два фустани за Сара Мејс!

Димитар Атанасовски и Сара Мејс изминатиот викенд го кажаа судбоносното „ДА“ на уникатна свадбена церемонија.

Водителот својата невеста наместо со автомобил ја „зема“ со мотор, а стајлингот на невестата ги собра сите комплименти.

Сара во текот на вечерта смени две венчаници, а тука беше и нејзиниот заштитен знак, обетката со пердув.

Пејачката носеше тесен фустан со транспарентни детали кои го истакнаа нејзиното тело, за подоцна во ноќта да го промени овој стајлинг со едноставен светкав фустан кој исто така и прилегаше одлично.

Честитки!