Австралиската полиција поднела денес обвинение за провала против германскиот студент кој бил снимен како прави селфи покрај изложен диносаурус во музејот во Сиднеј.
Полицијата во Нов Јужен Велс соопштила дека Пол Кун провалил во Австралискиот музеј на 10-ти мај во околу 1 часот по полноќ, користејќи скеле за да влезе, а потоа 40 минути ги гледал поставките.
Безбедносните камери забележале како правел селфи покрај некои од експонатите.
“Тој украл каубојски шешир и слика од ѕидот и си заминал”, рекол главниот инспектор Шон Хини.
Студентот на возраст од 25 години се појавил денес на суд, а обвинението го товари за кражба на каубојски шешир и уметнички дело.
Добил условна казна, под услов да го предаде пасошот и да се придржува до полицискиот час.
Австралискиот музеј е најстариот во земјата, а од август 2019-та година бил затворен за јавноста поради реновирање.
NIGHT AT THE MUSEUM: A man is facing charges after breaking into a museum in Australia, authorities say, with the suspect seen stealing a staffer's cowboy hat and taking selfies with a dinosaur skull. https://t.co/WM29ojFiM5 pic.twitter.com/yAwvJFiTjY
— ABC News (@ABC) May 18, 2020