Урнебесно: Жена упадна на модна ревија во Париз (ВИДЕО)

Модната недела во Париз доби дополнителен публицитет откако за време на ревијата на Chanel, жена упадна на модната писта и продефилира со моделите.

На видеото се гледа како манекенката Џиџи Хадид се обидува и успева да ја тргне од пистата.

Жената е француска блогерка и комичарка, а нејзиниот Youtube канал е Marie S’Infiltre.

Притоа, таа носи костим кој, одлично се вклопува со моделите од ревијата.