Уште еден актер од хит серијата „Беверли хилс“ тешко болен

Актерот кој го глумеше Дилан, во хит серијата „Беверли Хилс“ од рутински преглед дозна дека неговото здравје е влошено.

По колоноскопијата, на Лук Пери му беа откриени предтуморни израстоци на неговото дебело црево.

После прегледот тие биле отстранети, а актерот сега сака да ја зголеми свеста кај луѓето и да ги натера почесто да се прегледуваат.

лук пери

„Во моментов во Америка живеат 23 милиони луѓе кои би требало да одат на овај преглед, а не биле. Да чекав, би се соочил со сосема друго и многу полошо сценарио – вели Пери, додавајќи дека ракот на дебелото црево е најлесен за откривање, но затоа, пак, е втор најсмртоносен.“

Актерот апелира и дека постои и непријатна, но многу важна работа што секој треба да ја прави

„Moрате да ја проверувате вашата столица. Луѓето не сакаат да зборуваат за тоа, но се работи за спасување на животи“, вели Пери, кој се уште стравува дека болеста може да му се врати.

Лук Пери