Уште еден член на „One Direction“ со соло кариера: Луј Томлинсон ја промовираше новата песна (видео)
Членот на поранешниот состав „One Direction“ Луј Томлинсон настапи во финалето на емисијата „Икс фактор“, каде заедно со Стив Аоки ја изведе својата нова песна „Just hold on“.
Настапот беше изненадување, а по желба на неговата мајка која почина пред неколку дена, 24-годишниот Луј ја отпеа својата деби нумера и тоа во истата шоу-програма во која ја започна својата кариера.