Се подготвува третата сезона од серијалот „American Crime Story“ што ќе се фокусира на убистовото на модниот дизајнер Џани Версаче, а потврдено е дека Лејди Гага ќе ја глуми улогата на Донатела Версаче, сестрата на Џани.
Лејди Гага по успешната глума во двете сезони на „American Horror Story“, повторно ќе соработува со продуцентот Рајан Марфи, кој го потпишува и проектот American Crime Story.
Пејачката и актерката не само што физички потсетува на Донатела, туку е блиска пријателка со дизајнерката.