Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи на 4 ноември ќе одржи бесплатен концерт во Кливланд во рамки на кампањата за поддршка на демократската кандидатка за американски претседател Хилари Клинтон.
Спектаклот ќе се случи непосредно пред изборите на 8 ноември.
Раперот изјави дека на шоуто ќе има и специјални гости, а билетите ќе бидат делени на луѓето пред почетокот на концертот.
Џенифер Лопез, Џон Бон Џови и Кејти Пери исто така ќе одржат концерти за поддршка на Клинтон.