Во Македонија повеќе од било кога се прават избори за убавина кои се далеку од успешни и често се мета на зафрканции од страна на публиката.
Веројатно така ќе биде и овој пат кога ќе слушнете дека во нашата земја ќе одбираме „Мис Змија“.
Во петок во Охрид ќе се одржи избор за „Мис Змија“ кој е во организација на модното студио „Санел“ и охриѓанецот Гоце познат како Аждер, кој со години стои во центарот на градот заедно со своите змии.