Состојки:
6 поголеми шницли (свински, телешки…)
200 гр спанаќ
неколку кисели краставички
неколку феферонки
100 гр кашкавал, исечен на тенки листови
1 лажица зачин
лук во прав
масло
Подготовка:
Парчињата месо внимателно се чукаат додека не се истенчат до 5мм и да им се зголеми површината. Секое парче се става на алуминиумска фолија, малку намастена со масло. Од горната страна месото се премачкува со тенок слој на сенф, се посипува со зачин и лук во прав. Потоа на една половина од месото се редат по неколку листови спанаќ, кисели краставички сечкани на четвртини по должина, феферонките и кашкавалот. Внимателно месото се витка како ролат и со алуминиумската фолија се затвора од сите страни и добро се стега за да ја задржи формата.
Така спремните увијачи, завиткани секој посебно во фолија, се редат во сад за печење и се печат 40 мин на 250°С. Ако се добро затворени, увијачите ќе се варат сами во својот сок и ништо нема да истече од фолијата. По 30 минути се вадат од рерна и се оставаат малку да се изладат, околу 15 мин. Тогаш фолијата се вади и увијачите се враќаат во истиот сад да се допечат и да добијат убава браон боја. (10 минути)
Кога ќе се извадат од рерна, не се сечат веднаш, се оставаат малку да се стегне кашкавалот кој е стопен. Кога малку ќе се изладат се сечат на косо и се сервираат со пире од компири или некој друг прилог.