Лепа Брена моментално е на крстосување по хрватското приморје, а освен нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, друштво и прави уште една позната двојка.
Станува збор за синот на Боба, Филип Живојиновиќ и неговата девојка, ѕвездата на „Гранд“ Александра Пријовиќ.
Ова е лесно воочливо откако вчера Филип објави фотографија од крстарењето, која е идентична со онаа што Брена ја објави еден ден претходно.
Исто како фолкерката, така и Филип и Александра уживаат во зајдисонцето на јахтата.