Вака вчеравечер блескаше Ахфеловата кула во Париз, се славеше нејзиниот 130-ти роденден

Париз на симболот на градот му посака среќен роденден со светлосно шоу и концерт.

Инженерот Густав Ајфел ја создаде Ајфеловата кула за Светската изложба во Париз во 1889 година. На 15 мај пред 130 години Ајфеловата кула првпат беше отворена за посетители. Оттогаш е една од најголемите туристички атракции во светот – 324 метри високата кула годишно има по околу шест милиони посетители. Се разбира, тука не се вбројани оние кои само се фотографираат пред кулата, седат на околните клупи и му се восхитуваат на делото на Ајфел.