Вал Килмер и изјави љубов на Твитер на Кејт Бланшет

Кејт Бланшет е мажена и мајка на четири деца, но тоа не го спречи нејзинот колега Вал Килмер отворено да и се додворува на социјалните мрежи.

Минатиот викенд Килмер на Твитер објави постови посветени токму на Кејт и на своите чувства кон неа.

Се започна на твит во кој се наведува дека Килмер одлетал до Австралија за да ја види колешката, а потоа се случило нешто неочекувано, наместо актерката, Вал го пречекал нејзинот сопруг Ендрју Аптон.

„Јас еднаш заминав во Австралија само за да можам да разговарам со Кејт. Нејзиниот сопруг прв ме пречека. Односно, ме пречека наместо неа, да бидам попрецизен“, напиша актерот.

Вал Килмер

И додека сите мислеа дека тука е крај на објавите за Кејт и чувствата, Килмер не застана, еден ден подоцна продолжи да пишува за неа и се потсети не нивните средби.

Кога тој наиде на неодобрување од корисниците на оваа социјална мрежа, Вал се обидуваше да се оправда и додаде дека не мислел ништо лошо.

„Таа ми е пријателка и го запознав и нејзиноит сопруг пред неколку години и се согласуваме одлично. Сите мислат дека треба да го намалам ентузијазмот кога станува збор за ретки уметници, не разбираат колку е тешка нашата работа и колку сметаме на поддршката на колегите. Кејт ќе поддржи се што зборувам и ќе и се допадне што ја сакам“, заклучил тој.

Кејт Бланшет