„Вардарци“ вторпат во само три години стигнаа до европската шампионска титула откако вчера во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа против унгарски Веспрем со 27-24.
Oд Град Скопје информираа дека ракометарите на Вардар попладнево во 18:50 часот ќе слетаат на аеродромот во Скопје.
Град Скопје за ракометарите обезбедил чартер лет, а веднаш по пристигнувањето на плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите.
Град Скопје ракометарите ќе ги награди и со 6 милиони денари.