Ве боли грбот? Еве како треба да седите на работа

Седечкиот начин на живот полека не дебелее и ни го уништува ‘рбетот, а еве што за тоа вели еден германски ортопед кој баш не се согласува со колегите.

Седењето со прекрстени нозе подолго од половина час е лошо за грбот, предупредуваат германските лекари, а ако веќе седите со прекрстени нозе, тогаш подобро е после некое време да ја смените нивната положба, таа која е горе, ставете ја доле и обратно, објаснува германскиот ортопед Reinhard Schneiderhan, претседател на здружението кое го промовира здравјето на ‘рбетот со седиште во Минхен.

„Најважното при седењето е честата промена на положбата“, напоменал тој.

Тој ги одбива вообичаените совети дека треба да се седи што е можно поисправено, со поглед нанапред, задник пропиен со долниот дел од столицата.

„Никој не може долго да задржи таква положба затоа што многу брзо ќе почуствува напнатост, вели тој.