Зимата доаѓа, а со ладното време доаѓаат и настинките и затнатиот нос.
Меѓутоа, за оваа зима имаме добар трик за тоа како да се ослободите од марамчињата и досадниот затнат нос.
Наместо капки, пробајте ги овие два трикови, и тоа сосема природни, за одзатнување на носот.
Со јазикот притиснете го горното непце во устата и во исто време со показалецот и средниот прст притискајте ја точката меѓу очите.
Вториот начин е да ја наведнете главата, да го затнете носот и да не дишете неколку секунди, потоа подигнете ја, земете воздух и повторете ја постапката.