Вчера навршија 10-години од смртта на Тоше Проески, а голем број фанови и јавни личности се потсетија на неговите песни и музичкиот белег кој го остави.
Помеѓу нив беше и Каролина Гочева.
Пејачката на Фејсбук ја објави нејзината најдрага песни од Тоше, пишувајќи емотивна порака.
„И после 10 години болката е иста, а Тоше секој ден фали се’ повеќе…но, со се’ што остави зад себе, тој секогаш ќе биде тука… Мојата најдрага песна од тоа време“, стои во објавата.