Бањата не е само просторија каде одиме да се истушираме и измиеме заби.
Бањата е нашето место за релаксација, каде секојдневно го поминуваме времето резервирано за средување и уживање.
Релаксацијата во бањата може да ја уништат нередот во неа и работите кои треба да се исфрлат.
Не само што пречат и одземаат простор, непотребните предмети се потенцијален извор и на здравствени проблеми.
Исфрлете ги непотребните работи од вашата бања и направете таа да е пријатно место за вас и вашето семејство.
1. Стари сунѓери за капење
Старите сунѓери за капење се легло за бактерии кои на нив се размножуваат благодарение на константниот извор на вода и влага. Доколку ги користите, потребно е често да ги менувате
2. Козметика која не сте ја користеле веќе година дена
Доколку имате козметички производи кои не сте ги користеле цела година, време е да ги фрлите. Рокот на трање на поголемиот број козметички производи е 12 месеци, па ако го ставите производот на вас ќе направите поголема штета отколку корист.
3. Козметика која што ја променила својата боја или мирис
Дури и ако сеуште имаат рок на траење, сите козметички производи кои ја промениле нивната текстура, боја или мирис мора веднаш да ги фрлите, бидејќи доколку ги употребите ризикувате иритација или алергиска реакција.
4. Стари завеси за туширање
Завесите за туширање кои секојдневно се изложуваат на вода, а не се сушат веднаш после користењето, треба почесто да се менуваат. Ако некои делови од завесата веќе пожолтиле од старост, време е за промена.
5. Лекови без видлив рок на траење
Доколку не сте сигурни колку е стар лекот, подобро заменете го со нов.