Видеото кое го снимија музичари од Велес веднаш стана популарно на социјалните медиуми.
Шеснаесет пејачи и пејачки, снимија преработка на хитот од 1985 година „Ние сме светот“ (We Are the World), со симболичен наслов „Ќе мине сѐ“.
Текстот за песната го напиша Огнен Неделковски, аранжманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев, а ја изведуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев.
Спотот е реализиран во домашни услови, а е снимен само со мобилни телефони, поради состојбата со епидемијата на коронавирус.