Велика Британија казнува за плачење и расправии по дома

Според законите во Велика Британија, сите лица над 16 години можеле да добијат казна до 2.800 евра доколку бидат фатени како плачат дома.

Ова правило, наводно, има за цел да го заштити квалитетот на живот, а истото се однесува и на гласните расправии, поместувањето мебел и удирањето во ѕид.

Доколку соседите во Велика Британија, чујат, се пожалат и ве пријават за овие дела, казните се движат од 113 до 2.800 евра.

Овие правила се дел од Законот за општествено однесување, криминал и работа на полицијата од 2014 година.