Линдси Лохан е позната по скандалите, а последно е актуелна со раскинувањето на свршувачката со милионерот Егор Тарабасов.
Наводната причина е физичко насилство од страна на милионерот, кое беше потврдено и со последните фотографии кои се појавија во јавност.
Вo видеото кое го објави порталот „Radar Online“, а потоа со молскавична брзина се прошири по интернет, Линдси и Егор физички се пресметуваат на јавно место.
Тие се тепаат на плажа на Миконос, поради телефонот на милионерот кој актерката го има во својата рака.
Линдси тврдеше дека Егор ја изневерува па токму поради тоа започнаа нивните караници кои преминаа во физичка пресметка.