Славниот 57 годишен пејач Џон Бон Џови и ова лето со своето семејство летува во Хрватска.
Рокерот се релаксира на јахта, а друштво му прави неговата сопруга и двата сина.
И додека останатите членови на семејството не сакаат да споделат премногу детали од одморот со јавноста, 17 годишниот Џејкоб на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од престојот во Хрватска.
Џејкоб е вистинска копија на Бон Џови.
Ѕирнете го неговиот Инстаграм профил и ќе се уверите во сличноста на синот и таткото.