Синоќа во Њујорк се одржа гламурозна гала вечер која ја организираше магазинот „Time“.
Тие и оваа година ги одбележаа највлијателните 100 личности во светот, а на манифестацијата се појави и Криси Теиген.
Моделот и овој пат не разочара со нејзиниот избор на тоалета, па се појави во златен долг фустан.
Криси се потруди сите да гледаат во нејзините нозе, па фустанот имаше висок шлиц.
Но, додека на црвениот тепих се изгледаше совршено, моделот се намачи додека пристигна.
Во Њујорк истата вечер имаше силен ветер и дожд, кој буквлано ја оддува Криси.