Одморот покрај вода е вистинска прилика без многу мака да го затегнете вашето тело.
Дали сте знаеле дека можете да согорите околу 450 калории?
Пливате или трчате низ водата или во базен, секоја вежба е добредојдена за фит форма.
Сите стилови на пливање ги активираат сите мускули, посебно оние на нозете, градите и рацете.
Ако знаете да пливате во повеќе стилови, тогаш искористете го тоа за да се активирате целосно.
Одморајте со лежење на водената површина, дури и во тој случај вашето тело се активира.
Ако одморот го минувате на вода, тогаш секој ден два до три пати пливајте по половина час.
Најдобрата варијанта е трчање во плитко, така најмногу ќе се затегнат мускулите на нозете.
Играјте одбојка во вода, фризби… Веројатно сте забележале дека после пливање повеќе ви се јаде, тоа е бидејќи телото согорило повеќе.
Едноставно уживајте и вратете се во топ форма.