Видео: Над 30 милиони луѓе заспаа со оваа снимка

Проблемите со несоница, превртувањата во креветот, неудобната положба, нервозата, стресот и ненаспиеноста имаат едноставно решение, а тоа се крие во оваа видео снимка.

Освен преубавате глетка за очи, видеото стана мегапопуларно поради природните звуци што неверојатно опуштаат. Ова е дело на визуелниот уметник Јони Лоусон кој две години ја снимал истата сцена во природа, покрај река.

Тој прво не бил свесен колку неговиот труд им помага на луѓето што имаат проблеми со стрес и несоница, а потоа почнале да му пристигаат писма од целиот свет од луѓето што се импресионирани од тоа како видеото ги успива.