Знаеме дека во Северна Кореја владее строг режим, а честопати сме ги слушале приказните дека на луѓето дури и не им даваат да јадат што сакаат. Токму еден корисник на YouTube, реши да снима низ улиците во главниот град Пјонгјанг со скриена камера, бидејќи не е дозволено да се фотографира или снима било што низ целата земја.
Видеото ги прикажуваа уличните храни кои се достапни за жителите, а меѓу нив се најде некоја храна во облик на омлет кој се јаде со две стапчиња, а исто така може да видиме и готова спакувана готвена храна.