Викторија Бекам во паника: Бруклин го напушта семејниот дом

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, 18-годишниот Бруклин, реши да го напушти семејниот дом во Лондон и да живее во Њујорк.

Тинејџерот заминува во септември, а во „големото јаболко“ ќе живее во следните четири години.

Откако ја соопштил оваа информација на неговата мајка, Викторија со денови е во паника за потегот на нејзиното дете.

Бруклин се одличи да живее во Њујорк за да може да се посвети на својата кариера – фотографирањето.