Вистинска приказна: Ете толкава е љубовта на мајката кон своето дете

Откако земјотресот во Кина се смири, спасувачите побрзаа низ рушевините да пребаруваат преживеани. Низ правот и рушевините на една куќа, тие здогледаа мртво тело на млада жена, но, позата во која таа беше најдена побуди зачудување кај спасувачите. Личеше како да клечи, како да се поклонува пред икона. Нејзиното тело беше наведнато напред а нејзините две раце личеа како да се поддржуваа за нешто. Крупни делови од распадната куќа и го скршиле грбот и главата.
Со големи потешкотии, лидерот на спасувачката екипа се обидуваше да ги стави своите раце низ отвори во рушевините за да дојде до телото на жената. Тој се надеваше дека жената можеби сеуште е жива. Како и да е, ладното тело покажа дека таа за сигурно е почината веќе некое време.
Тој и остатокот од тимот ја собираа опремата и полека се подготвуваа за пребарување на следната падната куќа. Од некоја причина, лидерот на спасувачката екипа одлучи да се врати назад кон рушевините и до мртвото телото на жената. Повторно, клекна до неа и низ јазлите најде малку простор под нејзиното тело. Одеднаш, тој викна со возбуда: “Дете! Тука има дете!”
Целиот тим работи заедно,внимателно ги отстрануваа деловите од урнатините околу мртвото тело на жената. Под неа најдоа 3-месечно машко бебе завиткано во ќебе со цветови. Очигледно, жената ја направила последната жртва која можела да ја направи за да го спаси животот на својот син. Кога куќата паѓала, таа го искористила своето тело за да направи заштита за својот син. Малото бебенце спиеше мирно кога водачот на спасувачката група го зема во раце.
Медицинско лице набрзо дојде за да ја провери состојбата на малото бебе. Откако го отвори ќебето, внатре тој најде мобилен телефон. На него имаше порака напишана на екранот која велеше:
“Ако можеш да преживееш, тогаш мора да запомниш дека те сакам”. Мобилниот телефон кружеше од рака во рака, од еден човек на друг. Секој кој ја прочита пораката заплака. “Ако можеш да преживееш, тогаш мора да запомниш дека те сакам”.