Витаминот Ц и портокалите не се ефективни при грип

Новите истражувања покажуваат дека витаминот Ц и портокалите не се корисни при грип.

Сокот од портокал е богат со празни калории и шеќер, а витаминот не може да го заштити организмот од грип, се дел од заклучоците.

Дури и ставањето рака на устата кога кашламе или киваме не е добро.

И покрај тоа што е знак на добро воспитување, на тој начин бактериите и вирусите се лепат на рацете, а потоа се пренесуваат на различни предмети, кои ги допираме.

За време на грип треба да се избегнува и допирање на лицето со нечисти раце за да се спречи поголема зараза и пренесување на бактерии и микроби.

Има многу начини за заштита од грип, но најбезбедни од нив се сонот, физичките вежби и пиењето на многу течности.