Вицот за Доналд Трамп што стана хит на социјалните мрежи

Иако вицот е стар, новата верзија со Доналд Трамп, новиот претседател на САД, за многу брзо време стана хит на социјалните мрежи.

Авионот паѓа, а во него се четири патници, ама само три падобрани. Првиот патник вели: „Јас сум Стеф Кари, најдобриот играч во НБА и мојот тим и милиони фанови не би можеле без мене, не можам да умрам“, го зима првиот пакет и скока од авионот.

Другит патник, Доналд Трамп вели: „Јас сум новиот претседател на најмоќната држава во светот и најпаметниот претседател во американската историја, па моите луѓе не сакаат да умрам“. Го зема тој вториот пакет и скока од авионот.

Третиот патник, Папата, му вели на четвртиот, 10-годишен ученик: „Сине, јас сум стар, и нема во мене уште многу години, пред тебе е животот, јас ќе се жртвувам и ќе ти го оставам последниот падобран“.

– Нема проблем – вели момчето и додава„ има падобран и за вас – најпаметниот претседател на Америка ја зеде мојата училишна торба“.

Доналд Трамп