Влакнести нозе, испукани усни: Шокантна изјава на човекот што го спремал телото на Мерлин Монро

Легендарната актерка Мерлин Монро почина 1962-та година, но имаше сомневања дека актерката се предозирала.

Сепак, сега се огласи човекот од погребалната служба и откри детали кои до сега ги криел.

Алан Абот откри дека учествувал во припремата на телото на Мерлин за погребот.

Тој во својата книга напишал дека Монро била непрепознатлива кога стигнала до него.

„Ми беше тешко да поверувам дека тоа е славната убавица. Изгледаше како стара жена која не се грижела многу за своето тело. Беше очигледно дека околностите во кои умрела го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој ќе умре, крвта се таложи на најниската точна на телото, а во нејзиниот случај тоа беше лицето. Имаше модри траги, а вратот и беше многу отечен“.

Алан исто така објаснува и дека пејачката воопшто не се грижела за себе во последните недели од животот.

„Нозете и беа влакнести, усните испукани, а имаше и долги нокти на нозете и рацете.“.

Тој требал да ја избања и да ја облече, косата и била неисфарбана, а во нејзините работи имало и лажни гради.