Наскоро Лепа Брена и сопругот Боба Живојиновиќ на Дедиње ќе отворат луксузен ресторан, инвестиција вредна 500.000 евра.
Пејачката за новиот бизнис го задолжила синот Филип кој ќе биде шеф, а снаата Александра Пријовиќ заштитно лице.
„Брена и Боба одамна сакаат да отворат ресторан во кој ќе се состануваат со пријателите. Тоа му го предложија на Филип кој се воодушеви. Тој пред неколку месеци во тајност почна да го реализира проектот. Работите се речиси завршени, а наскоро ќе има и свечено отворање“, вели извор близок до семејството за спрски „Курир“.