Внимание: Погледнете како стаорец може да влезе во вашиот дом (видео)

Мислевте дека приказната за стаорец кој влегува во бањата низ вашата ВЦ школка е само мит. За жал не е.

Иако сликата од стаорец во вашето купатило звучи како приказна од хорор филм, многу е реално тоа да ви се случи.

Доколку слушнете чуден звук од гребење по цевките, следно што можете да очекувате е овој глодар да излезе од вашата ВЦ шоља.

Имено, стаорците се многу издржливи и упорни. Можат да пливаат и по три дена и да го држат здивот под вода дури три минути. Градбата им овозможува да се провлечат низ тенки отвори и така да се појават на местата на кои најмалку ги очекувате.

Се прашувате како може да се појават во вашата бања? Едноставно, доволно е некој да ја остави канализационата шахта отворена.

На стаорците не им пречи миризбата и ќе го пронајдат својот пат во канализациониот систем.

Истражувајќи низ цевките можат многу лесно да го најдат патот и до вашата ВЦ шоља. Доколку сте зборавиле да ја спуштите даската, ете проблем.