Индискиот Журнал за семејна медицина и примарна заштита објави застрашувачка бројка на луѓе кои животот го загубиел правејќи селфи.
Имено, во периодот меѓу октомври 2011 и ноември 2017 година, најмалку 259 луѓе во светот загинале при селфи.
Интересен е податокот дека во истиот период во светот регистрирани се 50 смртоносни напади на ајкули.
Во три четвртини од смртните случаи при селфи гинат млади мажи – најчесто со давење, сообраќајки, пад.
Индија со население поголемо од 1,3 милијарди и 800 милиони мобилни телефони држи неславен рекорд на број на луѓе кои загинале при селфи – 159 такви случаи досега. Тоа е повеќе од половината на глобално ниво.
Следува Русија – 16 смртни случаи, САД – 14 и Пакистан.
Во Русија полицијата во 2015 година објави „Упатства за селфи без опасност“.
Во САД најголем дел од смртните случаи при селфи се со фатални случајни истрели додека барале соодветна поза за фотографирање.
Службите за спасување во Хрватска преку Твитер побараа од туристите „да престанат да прават глупави и опасни селфи“ откако Канаѓанец преживеа пад од 75 метри во реонот на Плитвички Езера.