Во чекор со времето: Шведска работи на нов начин на загревање на домовите!

Сите знаеме колку се загреваат компјутерите, но дали на некој ми паднало на ум дека таа енергија може да се искористи за греење на домаќинствата?

Швеѓаните се сетиле на ова па работат на проект за искористување на топлотната енергија на компјутерите, со чија помош ќе се загреваат околу 30 илјади домаќинства.

Во еден дел на Стокхолм, во населбата Скарпнак,веќе се гради голема база на податоци.

Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да греат повеќе од 10 проценти од куќите и зградите.

Од таа причина и од градските власти одлучиле дека во Стокхолм се потребни повеќе компјутерски центри.

Главниот град на земјата со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.

Тие веќе некое време дел од топлината го добиваа и од отпад.