Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни на еден бегалец од Јазиди му дозволија да живее во нивниот дом во Кентаки, додека студира.
Актерот и адвокатката за човекови права го поканиле бегалецот во нивниот дом, откако тој се запишал на универзитет во Чикаго, а тие ја дознале неговата приказна.
„Тој преживеал и дошол во Америка. Бегалецот бил во автобус што одел во Мосул, но ИСИС го пресретнале истиот ги убиле двајцата возачи и кажале – Ако некој сака да оди да студира и него ќе го убиеме. После оваа приказна ние му рековме – Слушај, ја имаш нашата подршка. Сакаш да учиш? Сакаш да бидеш успешен во животот? Тоа е нешто што ние може да ти помогнеме да го исполниш“, раскажува Џорџ Клуни.
Актерот не го открива името на бегалецот, ниту пак соопшти колку долго тој живее и ќе живее во нивниот дом.