Британскиот пејач Џорџ Мајкл обожаваше да прави преработки на песни.
Но, исто така голем број на уметници ги преработија неговите хитови.
Една од неговите најпознати песни „Jesus to a child“ беше препеана од македонската музичка легенда Тоше Проески.
Австралискиот медиум news.com.au направи анализа рангирајќи ги најлошите и најдобрите обработки на песни на Џорџ Мајкл од страна на светски ѕвезди.
На листата на најдобри преработки, во ист ранг со Мараја Кери, Џоан Баез, Тори Ејмос и Мајкл Бубле е ставен и легендарниот Тоше Проески.
Прерано починатата македонска ѕвезда е рангирана меѓу најдобрите десетина пејачи кои најубаво го препеале Џорџ Мајкл.