Во кој период од животот жените најмногу се дебелеат

Најновото истражување открива кога жените најмногу се дебелеат.

Имено, периодот во кој жените најчесто ја зголемуваат телесната тежина и со самото тоа се и најнезадоволни од својот изглед е во 38-та година од животот.

Периодот меѓу 35-40 години е најкритичен за телесната тежина на жените, најчесто поради хормоналните промени кои настануваат во организмот, но често и поради начинот на живот.

35 отсто од жените потврдиле дека откако станале мајки јадат речиси двојно повеќе или почесто.

трудници

33 отсто од жените велат дека се здебелиле после свадбата, односно во долготрајната врска.

свадба

22 отсто од жените гледаат причина за дебелеење во прекинувањето на врската или по разводот.

развод

Но добрата вест е дека по 40-тата година настанува една пресвртница, после која линијата на задоволство од изгледот почнува да расте.

Во овој период жените се подготвени да ги отфрлат пороците и лошиот начин на живот, вклучувајќи ја и лошата исхрана.

За разлика од жените, машката критична граница на дебелеење е меѓу 40-45 година од животот, а во тој период мажите најчесто водат битка со килограмите наталожени на стомакот, како и со опуштеното тело.

стомак