Во неделата доби Оскар, а по церемонијата и го украдоа

Во неделата на Оскарвската ноќ, статуетката за најдобра актерка во главна женска улога и припадна на Франсис МекДорманд.

Но, таа не успеа долго да и се радува на наградата бидејќи Оскарот и беше украден.

За среќа, полицијата во Лос Анџелес изјави дека Тери Брајант (47) е уапсен уште истата вечер, откако ја украл статуетката на забавата по церемонијата.

Франсис Макдорманд ја доби наградата за улогата во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мизури“.