Познат истражувач, на својот Јутјуб канал објавил видео од напуштена вила на еден јапонски милијардер која останала речиси недопрена.
Судбината на сопственикот на овој неверојатен објект е непозната, но се зборува дека проневерил огромна сума на пари и едноставно исчезнал во 2013 година, оставајќи се зад себе.
Во вилата постојат уметнички колекции од разни скулптури и слики за кои се верува дека вредат околу еден милион долари.
Интересно е тоа што иако куќата е напуштена, од неа нема украдени работи и ниту еден прозорец не е скршен, а истражувачот објаснил дека една од причините за тоа е што во Јапонија ретко се краде.