Во овој град автомобилите се забранети

Жителите на градот Понтеведра во Шпанија, живеат без врева затоа што автомобилите се забранети.

Претходно 14.000 автомобили дневно поминувале низ градот, и тоа било повеќе од бројот на жители.

Мигел Анчо Фернандес Лорес е градоначалник од 1999 година.

Тој вели дека фактот што имате автомобил не ви дава за право да го заземате јавниот простор.

„Се случуваше мали деца и пензионери да не можат да го користат просторот од паркирани автомобили“ – вели тој.

Сега имаат многу бенефити од забраната за автомобили. Загадувањето е видно намалено а и бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Градот е мал и пеш може да се помине за 25 минути.

Додека други градови губат население, овој град има плус нови 12.000 жители.