Во Париз е пронајден цртеж на уметникот Леонардо да Винчи, која се проценува дека вреди 15 милиони евра.
Пензионер кој посакал да остане анонимен, пред неколку месеци однел во аукциската куќа „Tajan“ неколку цртежи, кои му припаѓале на неговиот татко, а живеел во централна Франција.
Меѓу 15-те цртежи, соработникот на аукциската куќа Теди Прат забележал слика на Свети Себастијан.
Експертизата покажала дека тоа е дело на Леонардо да Винчи и е насликана од него меѓу 1482 и 1485 година.