Во пресрет на празниците: Направете вкусни божиќни колачи

Во пресрет на најубавиот период од годината, ви предлагаме рецепт за божиќни колачи.

Едноставни се за подготовка, мошне вкусни а во еден сад се печат најмалку три видови.

Состав:

    • 500 грама брашно
    • 250 грама шеќер
    • 300 грама путер
    • 150 грама мелени ореви
    • 150 грама кокос
    • 2 лажици какао

Подготовка:

Во сад за мешање ставете го путерот и шеќерот. Изматете со миксер или маталка за смесата да се соедини. Потоа додадете го брашното и со раката добро измесете го тестото.

Поделете го тестото на три дела. Во еден додадете ореви, во друг дел кокос а во третиот какао во прав ( или суво грозје или суво овошје).

Обликувајте ги трите делови од тестото во топки и оставете ги во фрижидер 40 минути. Кога тестото доволно ќе се стегне, развлечете го тестото и оформете ги колачите ( со помош на шаблони). Наредете во намрсен плех за печење и печете десет минути на 180 степени.

Кога ќе го извадите садот од рерната, ставете го на влажна крпа. Кога колачите ќе се изладат, внимателно извадете ги и посипете ги со шеќер.