Скопје оваа година ќе биде домаќин на УЕФА Супер Купот кој ќе се одржи на 8 август на националната арена „Филип Втори“.
На овогодинешниот Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
И додека со нетрпение се очекува натпреварот, од град Скопје денес го претставија промотивното видео на англиски јазик.
Видеото има за цел да ги информира туристите за главниот град, но и да ги промовира убавините на Скопје.