Сингапур е земја која во која се применува еден од најстрогите закони против пушење во светот.
Овде пушењето е забрането на скоро сите јавни места а се применуваат и високи казни за непочитување на законот. Забраната се однесува и на електронските цигари.
Владата одлучи на улиците на Сингапур да постави пушачки кабини со вентилација. Новите кабини се со систем за филтрирање кој го прочистува чадот од цигарите пред тој да се испушти во воздухот.
Иако пушачите не се задоволни од нивната функционалност, сепак се очекува до крајот на годинава низ Сингапур да се постават повеќе вакви кабини.