На речиси 500 километри од австриската престолнина се наоѓа Природната ледена палата, се попопуларна туристичка дестинација. Не станува збор за класична туристичка обиколка, ниту авантура која би требало да ја планирате со мали деца, бидејќи бара храброст и издржливост, но и покрај тоа, има се поголема заинтересираност.
Природната ледена палата е глечер кој се наоѓа во близина на Хинтертуск во Тирол.
За туристите да дојдат до глечерот, мора да се качат со гондола до влезот.
Дневно ја посетуваат меѓу 400 и 600 луѓе, но се очекува тој број да расте во наредниот период.
Тоа што посетителите посебно ги привлекува, покрај спектакуларната природна убавина, е пливањето во ледената вода.
Пливањето во ледена вода од 2009. година станува се попопуларен спорт.
Постои и меѓународна асоцијација на пливачи во ледена вода, која организира Светско првенство, на која победата ја носи оној што може најдолго да издржи во таква температура.
Асоцијацијата се бори овој спорт да го признае и како олимписки.
Интересно е дека температурата во глечерот е идентична, без разлика на годишното време.
Дури и кога температурата надвор паѓа на минус 25 степени, што се случува често во зима, во самиот глечер температурата се движи меѓу минус два и еден степен во плус, поради што посетителите често атмосферата ја опишуваат како топла.