Комбинацијата од вода, лук и лимон носи бројни здравствени придобивки и е еден од најдобрите начини за зачувување на здравјето на крвните садови.
Лукот успешно ги елиминира микробите, а лимонот изобилува со витамин Ц.
Оваа моќна комбинација се користи за:
- регулирање на нивото шеќер во крвта
- намалување на нивото на холестерол во крвта
- регулирање на функцијата на црниот дроб
- подобрување на циркулацијата
- јакнење на имунитетот
- елиминирање на масните клетки
ПОДГОТОВКА:
– 30 чешниња лук
– 6 излупени лимони
– 2 литри вода , препорачуваме Изворска
Во едно поголемо тенџере, ставете го исецканиот лук и лимонот исецкан на мали парчиња. Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Оставете водата да зоврие, а потоа варете уште 10 минути.
Кога течноста доволно ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.
Конзумирајте го секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден по оброкот испијте 50 милилитри од напитокот, а потоа направете пауза од 7 дена.
По паузата, продолжете да го користите во рок од 3 недели. Овој третман може да се спроведува на секои 6 месеци, секако во консултација со вашиот доктор.