Водете сметка каков костим за капење купувате: Модерните се убави, но непрактични

Модерните костими за капење, колку и да се убави, не се секогаш практични.

Не зборуваме за материјалите од кои се направени, иако и за тоа треба да се води сметка, туку за кројот.

Можеби ќе изгледате атрактивно на плажа, но што откако ќе се вратите од одмор? – Сигурни сме дека нема да ви се допадне крајниот ефект.

Иако добро изглеаат на згодните манекенки на рекламните паноа, во реалноста моделите на костими за капење со необичен крој можат да направат да изгледате смешно.

Овие модели не се практични и поради уште една причина.

Популарните монокини, односно едноделни бикини со ленти, исечоци и отвори околу половината или на стомакот на телото делуваат интересно и сигурно ќе привлечат внимание, но после сончањето токму тие необично сечени и кроени делови ќе остават бели траги. Истиот случај е и со дводелните модели кои се украсени со ленти.

Проблемот е и во тоа што токму необичниот крој на овие модели не поднесуваат вишок на килограми, ниту облини, туку само цврсти и обликувани тела.

Значи, ако посакате ова лето да облечете некое бикини со необичен крој, размислете уште еднаш.

Можеби класичниот модел на костим за капење и не е така лош избор. Барем нема да морате да го криете вашето тело по враќањето од летниот одмор.